А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кумановски општинари 13 години простувале долгови на фирми и граѓани, ја оштетиле општината за 700.000 евра

by А1он21/09/2020 - 16:4521/09/2020 - 16:49975
Share0

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.П.(61) и Л.А.(59), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Добивај вести на вибер

Во периодот од 22.08.2005 до 19.09.2018, тие утврдиле и определиле за плаќање данок на имот кај 27.905 физички и 238 правни лица и комунална такса по основ на фирмарина кај 4.810 правни лица на подрачјето на Општина Куманово, а доспеаните износи не биле уплатени во законски предвидениот рок.

Пријавените, иако биле должни, не постапиле согласно одредбите од Законот за данок на имот и не спровеле постапка за присилна наплата, туку со неизвршување на својата службена должност и овластување дозволиле да поминат пет години од денот на доспевањето на даночните обврски, тие да застарат и да бидат отпишани како застарени и ненаплатени.

Со ова, двајцата вработени во кумановската локална самоуправа му нанеле штета на буџетот на Општина Куманово, по сите три основи во вкупен износ од 42.898.437 денари (698.000 евра), велат од МВР.

kumanovozloupotreba na sluzbena dolznost

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он26/02/2026 - 15:08

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 17:55

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:5420/01/2026 - 11:19

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он12/01/2026 - 15:5912/01/2026 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен