Кумановската полиција заплени огревни дрва во липковско

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Во акција на кумановската и шумската полиција, во липковскиот регион се запленети 100 метри кубни дрва, кои непознати сторители ги исекле од Карадачката планина.

При вршење на редовна патролна дејност на подрачјето на Општина Липково, полициските службеници забележале дека на повеќе локации покрај патот има исечено огревни дрва, кои биле складирани и подготвени за транспорт.

Во текот на акцијата во атарот на селата Гошинце, Думановце и Глажња се пронајдени околу 100 метри кубни дрва кои непознати сторители бесправно ги исекле, без дозвола за сечење на шуми.
Бидејќи дрвата не биле маркирани, шумската полиција ги пренесе во складот на Шумското стопанство Куманово.

Во текот на 2012-та година на ниво на кумановската полиција се спроведени повеќе редовни акциски контроли. При нив се одземени вкупно 11 товарни моторни возила со околу 60 метри кубни дрва.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби