Кумановската полиција казнила 375 возачи на мотор, најмногу во јуни

Од:

Кумановската полиција од почетокот на годинава, до сега, изрекла вкупно 375 казни на возачи на мотори, најголемиот број од нив биле во јуни, соопштија денеска надлежните од СВР Куманово.

Според податоците на полицијата, најмногу казни се издадени на возачи кои управуваат мотори без да поседуваат соодветна заштитна опрема, односно кацига. Највисоката изречена казна за прекршок на возачи на мотори е непоседување на сообраќајна дозвола-нерегистрирано возило. Просечната возраст на возачи на мотори е од 14 до 30 години.

– СВР Куманово континуирано спроведува засилени акциски контроли и санкционирање на возачи на мотори доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од кумановската полиција.

Во однос на превентивни активности кои се однесуваат на учесници во сообраќајот-мотоциклисти, Отсек за превенција во соработка со мотоклуб „Мечки“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и општинскиот, континуирано спроведуваат најразлични активности за подигнување на свеста кај учесници во сообраќај-мотоциклисти, за важноста од носење на заштитна опрема како и почитување сообраќајни правила и прописи, почнувајќи од ревијално возење низ градот на членови на мотоклубот и граѓаните со заштитна опрема и правилно и безбедно движење.

Од полицијата велат дека се спроведуваат презентации на јавни места „Безбедно на мотор“ и сообраќајни поуки кои се одржуваат на две недели и делење на рекламен материјал во сите населени места.

Преку училишни сообраќајни единици, наведуваат од СВР Куманово, ги едуцираат младите за правилно, безбедно и законско учество во сообраќајот по навршување на 16 години. Едукативно се работи со млади кои ќе се затекнат на јавни места. Безбедносни пораки и совети се постираат на фан-страна на ОСБСП Куманово. Во активностите се вклучени и кумановскиот Црвен крст со показни вежби на различни локации за последици при пад од мотор кога не се носи заштитна опрема, како и укажување на прва помош при повреди по пад од мотор.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја