Кумановската болница во катастрофална состојба, Тодоров во инспекција

Од:

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска во инспекција на кумановската општа болница. Констатираше дека состојбата е кататрофално лоша и дека болницата работи во нестандардни услови.

23-те илјади пациенти годишно се соочуваат со дотраена опрема, стара и по 30 години, а нема ниту соодветна стерилизација.

Доколку не се најде привремено решение, ќе се оди на поголема реконструкција.

Реконструкцијата на зградите на кумановската болница е при крај, а девет лекари од идната година ќе заминат на специјализација.

„Се преземаат мерки за покривање на недостатоците кои се јавиле со континуирано необновување на работните места на персоналот, кој по каков и да е основ ги напуштал работните места. Потребен е нов број специјалисти кои треба да ги покријат потребите на здравствениот систем. Специјализантите ќе се обезбедуваат согласно потребите на системот. Свесни сме дека во одредени области нема доволен број специјалисти, како што се патолози, анестезиолози и педијатри и очекуваме преземените чекори да дадат резултати”, истакна Тодоров.

Според Тодоров новата медицинска опрема во болницата од 1.200.000 евра ги подобрила условите за работа.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем