Кумановската болница по неколку часа го надмина проблемот со недостиг на возила за транспорт на итни случаи

Од:

Општата болница Куманово го зеде возилото за транспорт на итни случаи кое беше оставено на сервис, а ќе користи и возило од Здравствен дом Липково за потребите на пациентите, соопшти директорката на болницата, Снежана Захариева.

Пациентите од Куманово и општините од североистокот со близу 200.000 пациенти на неколку часа останаа без амбулантно возило за транспорт на итни случаи, бидејќи едното возило добиено со донација, утрово учествуваше во сообраќајна незгода, а останатите две беа на сервис.

– Веќе го добивме возилото кое беше на сервис поради поситен дефект и се договоривме со Здравствен дом Липково да користиме нивно возило за транспорт на итни случаи. И денеска превезовме лице до скопските клиники, изјави директорката Захариева.

Болницата, со сопствени средства склучила договор и чека на испорака на ново амбулантно возило.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува