Куманово воведе дополнителна телефонска линија за ранливи категории граѓани

Од:
Општина Куманово воведе уште една телефонска линија, 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.
Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации (информации за дежурни аптеки, дежурни маркети, начин на спроведување на услуги на институциите во градот, мерките и препораки донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Општинскиот штаб за заштита и спасување).
Општината воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 71 94 94 , по што од страна на лице од општината  и Црвен Крст ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци