Куманово: Уништен пропаганден материјал на независната „Кога, ако не сега“

Од:

Независната граѓанска опција „Кога, ако не сега“ ги обвинија политичките опоненти дека го уништуваат нивниот пропаганден материјал.

Истакнаа дека за ова веќе ги известиле претставниците на ОБСЕ, а ќе ги известат и ДИК и МОСТ.

Во изминативе денови сите наши постери кои беа залепени се уништени, искинати и ишчкртани со црн спреј. Како независна граѓанска политичка опција не сме виновни што двата политички блока се премногу зафатени со меѓусебни препукувања, со креирање на советничка листа во последен момент, па целиот свој бес го исфрлаат врз нашиот скромен пропаганден материјал – изјави Александра Георгиевска од партијата.

Од независната партија апелираа и ги повикаа учениците во локалните избори да престанат со нецивилизирано однесување, да покажат политичка култура и да водат фер кампања.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?