Куманово: Со дрвена палка нападнал четворица

Од:

Вчера, во 17,20 часот, во Куманово во населба Биљановце М.П.(26) од истата населба, дошол во куќата на М.В.(46), при што со себе носел дрвена палка  со која го скршил стаклото од влезната врата, а потоа започнал расправија со М.В. и со неговите синови А.В, В.В. и Д.В., по што М.П. со палката го удрил М.В. во пределот на двете раце и му нанел видливи повреди.

По ова М.В. и  неговите синови физички го нападнале М.П., при што на истиот му нанеле повреди на главата и телото. М.П. е пренесен во Клиничка болница Куманово, каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите пренесен е во Ургентен центар Скопје.

Од лице место се подигнати една дрвена палка и повеќе траги слични на крв  за вештачење. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски