Куманово: Се поставуваат одбранбени ѕидови на речните корита

Од:

Повеќе екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, противпожарни служби и јавни претпријати се на терен и работат за да ги затворат изливните места на речните корита, соопшти Центарот за управување со кризи.

Тие нагласија дека до крајот на денот очекуваат водата да се повлече, доколку нема повторно врнежи.

-Не се чистат коритата на реките, туку се затвараат од страна со вреќи песок, односно се поставуваат одбранбени ѕидови. Водата се испумпува од куќите и помошните објекти. Под вода се многу обработливи површини, а најпогодени се Средорек, улицата „Никола Тесла“ и селата Шупли Камен, Клечовце и Јачинце – изјавија од Центарот.

Во кумановско под вода се околу 2000 хектари површина, додека во општината Старо Нагоричане поплавени се 2.500 хектари.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски