Куманово: СДСМ ги достави листите до изборната комисија

Од:

Два часа пред истекот на рокот за доставување на кандидатурите, Сојузот за Иднината предводен од СДСМ, во Куманово ги достави листите за градоначалник и советничката листа до изборната комисија.

-Очекувам изборната комисија да си ја заврши својата работа, онака како што доликува и изборите да бидат фер и демократски. Почетокот на кампањата не гарантира таква работа, меѓутоа имаме одговорност пред меѓународниот фактор да покажеме политичка зрелост. Во нашето општество владее некој друг принцип, спротивен на демократскиот.

Во Куманово стандардно имаме добра поддршка, очекувам добри резултати, победа во првиот круг и голем број на советници од нашата листа – изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?