Куманово: СДСМ бара дислокација на Центарот за метадонска терапија

Од:

Општинската организација и млади сили на СДСМ од Куманово од денес ќе започнат петиција за дислокација на Центарот за метадонска терапија на наркозависници, кој се наоѓа во населбата „Гоце Делчев“. Тие бараат дислокацијата на овој центар, бидејќи се наоѓа во близина на училиште и градинка, па поради тоа претставува опасност за најмалите.

-Како млад човек и жител во овој дел на градот, се плашам да живеам во моето маало. Секојдневно се среќавам со грозоморна слика, од шприцеви и игли кои се потенционален извор на заразни болести. Родителите се револтирани и се плашат да ги пуштат децата на училиште, додека пак луѓето од околните згради се жалат дека често се жртви на разбојнички банди-изјави претседателот на млади на СДСМ од Куманово, Младен Давидовиќ.

Тој нагласи дека и покрај предизборното ветување на министерот за здравство, Никола Тодоров, дека ќе се дислоцира Центарот за метадонска терапија, сепак од тоа нема ништо.

sds-dislokacija1

-Овој проблем трае веќе десет години, неколку пати досега е поднесена петиција за дислокација на центарот, но за жал тоа останува само на хартија. Затоа ние од денес, па до наредните неколку дена ќе започнеме со акција за собирање на потписи за наоѓање на соодветно место за сместување на овие луѓе. Нашите тимови ќе одат од врата на врата и ќе разговараат со граѓаните. На овој начин ќе се обидеме да си помогнеме сами на себе си, затоа што министерот за здравство нема лек за овој проблем – наведе Давидовиќ.

Дека навистина местото не е безбедно за најмалите зборова фактот, што пред неколку месеци токму во дворот на оваа установа, мало дете дојде во контакт со игла, која претходно била користена од наркозависник.

Општинската организација и младите на СДСМ од Куманово како предлог за дислокација го даваат болничкиот круг, каде што според нивни информации има неколку слободни простории. Тие се надеваат дека ќе добијат поддршка од околните жители, и дека ова барање ќе дојде и до министерот, за да се реши овој голем проблем.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

СДСМ не знае да чита документи, одговор од Министерството за животна средина за обвинувањата за Меџити

СДСМ тврди дека поседува документи за вмешаност на Меџити во злоупотреби и сомнежи за корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат