Куманово: Мајка претепала ќерка зошто не сакала да се мажи

Од:

Двајца кумановчани заработија кривична пријава за мачење малолетничка која ја принудувале на брак.

Според полицијата се работи за Р.А. (43) од селото Виштица и М.А. (25) од селото Бојане кои во текот на декември минатата година мачеле малолетничка од Куманово.

– Р.А. се договорила со М.А. да му ја даде за жена неговата ќерка, 17-годишната Р.А. по што ја однела во неговиот дом, каде се задржале околу девет часа, убедувајќи ја малолетничката да се согласи да стапи во брак со кумановчанецот, изјавија од полицијата.

Мајката на враќањето кон селото Виштица физички ја малтретирала ќерка си, удирајќи ја во пределот на лицето, бидејќи таа не се согласила да стапи во брак со 25-годишниот кумановчанец.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи