Куманово: Хуманитарна помош добија поплавените семејства

Од:

Штабот за справување со кризи и членови на СДСМ од Куманово, денес поделија хуманитарна помош на поплавените семејства.

Кумановскиот градоначалник, Зоран Дамјановски им ја врачи помошта која се состои во вреќи брашно, хигиенски пакет, облека, обувки и слично.

-Помошта ќе биде поделена на 70 семејства од населбата Средорек, кои се најоштетени со поплавата. На барање на претставниците од месната заедница, обезбедивеме по една канта поликолор за секое смејство за да ги исчистат и варосаат собите, а во договор со центарот за јавно здравје ќе се изврши дезинфекција на куќите- изјави градоначалникот Дамјановски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско