Во Куманово денеска во рамки на одбележувањето на 23 години од самостојноста на Република Македонија, бројни делегации, претставници од општина Куманово, Советот на општината, од Здружението на борците, од АРМ, МВР,оштински установии институции, политички партии, невладини организации и граѓани, положија цвеќе пред споменикот „Жена Борец“ на градскиот плоштад.
Честитајќи им го празникот на присутните, претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитријевски, потенцира дека ова е голем ден за државата и македонскиот народот.
Од пред споменикот „Жена Борец“ од градскиот плоштад, Димитријевски упати порака дека сите заедно, без разлика на етничката и политичката определба треба да ја почитуваат и негуваат државата.
– Чествуваме многу празници,не задолжиле генерации,наши предци, но кога веќе дискутираме дека градиме мултиетничко опшштество, денеска на осми септември ќе порачам дека мултикултурализмот и мултиетничкото општество не се гради на ваков начин, денеска на овој ден треба да бидат присутни, сите политички партии,без разлика на својот етнички предзнак, рече Димитријевски и повика на национално единство и слога.
Општина Куманово овој ден го одбележува со културни и спортски манифестации.