Куманово: Дамјановски вети нови училници за ОУ „Христијан Карпош“

Од:

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денес ги посети жителите на населбата Перо Чичо и им вети дека основното училиште „Христијан Карпош“ ќе добие четири нови училници и енегретски ефикасна изолација.

Најавувам една многу важна работа, бидејќи ова е единствено училиште од градот во кое има дефицит на училници. Во наредните четири години ќе се изградат четири нови училници на место на темелите од 2001 година, од популарната сала на Тупурковски. Со концептот на енергетската ефикасност ќе ја направиме новата фасада. Ќе го средиме дворот и ова ќе биде едно од најубавите училишта во Македонија – изјави градоначалникот Дамјановски.

Носителот на советничката листа, Максим Димитриевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја земе власта во Куманово, бидејќи освен бетон и бронза и купување на двокатни автобуси не понудија ништо друго.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада