Кумановка се обидела да се самоубие, скокнала од мост над автопатот Куманово-Табановце

Од:

Средовечна жена се обидела да си го одземе животот денеска околу 11.30 часот скокајќи од Бедински мост над автопатот Куманово-Табановце.

Случајни минувачи ја виделе жената која лежи на  автопатската лента,и се уште давала знаци на живот. Веднаш биле повикани  екипи на Итнта медицинска помош и полиција.

– Жената се здобила со скршеници на карлица ,долен и горен екстремитет, повреди има на главата,градскиот кош,има тешки повреди и мора да се упати на терцијално лекување, изјави доктор Методија Димковски хирург во општа болница Куманово.

Од кумановската полиција го потврдија случајот и информираа дека станува збор за 54 годишна жена со иницијали В.Ј од населбата „Бабин Дол“.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата