Кумановец за казна од паркинг се заканувал дека ќе ги убие вработените

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Дваесет и седумгодишен кумановец, од с.Романовце на вработените во ЈП „Куманово-паркинг„ им го скршил ретровизорот на службеното возило и им се заканувал дека ќе ги убие, бидејќи морал да плати казна за паркинг.

О.Е. го пречекорил времето за паркирање на неговото патничко возило „ауди“, по што вработените му поставиле блокатор.

Откако пристигнал ја платил казната, но се изнервирал и им се заканил на четворицата вработени дека ќе ги убие. На заминување го скршил ретровизор од возило на ЈП „Куманово паркинг“.

Инцидентот се случил минатиот месец на ул. „Илинденска“, а кумановецот ќе одговара за сторено кривично дело, загрозување на сигурноста.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда