А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кумановец со лажни платежни картички украл 680.000 денари

by А1он30/03/2013 - 11:53147
Share0

Четириесет и три годишниот кумановец С.Б. со лажни платежни картички присвоил 680.706 денари. Полицијата против него поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картица“.Кумановецот се уште е недостапен за полицијата, односно не е во Македонија.

Добивај вести на вибер

Според МВР, пријавениот во текот на март и април минатата година употребил лажни платежни картички на кои вметнал нелегално пријавени банкарски податоци од вистински платежни картички на странски државјани. Притоа, на ПОС терминал на домашна банка инсталиран на продажно место во туристичката агенција „Талија Травел Трејд ДООЕЛ“ во Куманово која што е во негова сопственост, извршил 10 успешни нелегални трансакции со шест различни картички и нелегално се стекнал со 681.706 денари. Парите ги подигал во готово од сметката на “Талија Травел Трејд ДООЕЛ“ или ги префрлил на сметки на други правни лица.

Во тек на операцијата „Русо“ во октомври  лани, укажува МВР, е извршен претрес во домот на скопјанецот М.Н., организатор на криминална група, при што биле пронајдени три ПОС терминали сопственост на три различни домашни банки за кои по извршените проверки  е утврдено дека биле инсталирани токму во „Талија Травел Трејд ДООЕЛ“.

krazba

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен