Кумановец казнет со 2 илјади евра, не ги почитувал мерките за самоизолација

Од:

Основното јавно обвинителство – Куманово, поднесе предлог за издавање казнен налог за едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.

-Обвинетиот на 16 март, при влез во државата на граничниот премин Деве Баир, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација, бидејќи доаѓа од Република Австрија како ризична земја во однос на ширењето на епидемијата. Притоа прифатил самоизолацијата да ја извршува во неговиот дом во Куманово, но при контрола на 17 март од страна на службени лица од СВР Куманово обвинетиот не бил затекнат во домот, се наведуваа во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека со оваа тој не постапил по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определени мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус – COVID 19.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово, го поднесе предлогот за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Куманово му предложи на обвинетиот да му изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност. Судот ваквиот предлог го прифати и на обвинетото лице му ја изрече глобата во вкупен износ од 2.000 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски