Кумановец излета од пат на клучката „Петровец“ и загина на местото на несреќата

Од:

Кумановец загина откако вчера на автопатот Куманово – Велес на клучката „Петровец“ излетал од патот управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, вчера во 14:30 часот,возачот од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари