Кумановци вежбаа прва помош

Од:

На Градскиот плоштад во Куманово денес се одржа вежба за прва помош, односно акција која е во рамките на кампањата „Поголема безбедност во сообраќајот“.

Имено во текот на вежбата, полицијата запираше возачи, а истите покажуваа дали и колку се запознаени со прва помош, во случај на сообраќајна незгода.

-Целта на акцијата е јакнење на свеста кај возачите за почитување на сообраќајни правила и прописи, особено почитување на деца како учесници во сообраќајот за да во иднина немаме деца-жртви во сообраќајот. Но доколку дојде до сообраќајна незгода истата не треба да се одмине, туку да се укаже правилна прва помош-изјави Виолета Богдановска, раководел на отсек за первенција во СВР Куманово.

Акцијата за прва помош ја организираше Црвен крст и СВР Куманово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски