А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Куќен притвор за вработен во МЕПСО поради примање поткуп

by Кристијан Ландов08/10/2018 - 19:1108/10/2018 - 22:32455
Share0

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, донесе наредба за спроведување на истрага против лице од Скопје, вработено во МЕПСО. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 4 во врска со ст.2 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обинителство на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд – Штип достави предлог за определување на мерка – притвор. Судијата на претходна постапка со Решение на осомничениот му определи мерка – куќен притвор. На ваквото Решение, Основното јавно обвинителство денеска до Советот на Основниот суд – Штип достави жалба.

​Осомничениот како вешто лице побарал и примил 2.000 евра за заверување на веќе изготвено економско – финансиско вештачење. На 6 октомври по претходен договор осомничениот ги примил обележените банкноти од пријавителот, по што по интервенција на овластени службени лица парите се пронајдени кај осомничениот и тој е лишен од слобода, стои во соопштението.

mepsopotkup

Би можело да ве интересира

Истрага: Фехми Стафа барал 100.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Горан Наумовски14/12/2025 - 16:3714/12/2025 - 17:02

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Горан Наумовски06/10/2025 - 09:35

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Горан Наумовски27/08/2025 - 13:42

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

Горан Наумовски21/08/2025 - 10:24

Левица: Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Горан Наумовски31/07/2025 - 13:49

Докторка-офтамолог од Битола за операција барала мито од 100 евра

Горан Наумовски17/07/2025 - 13:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен