ВИДЕО: Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Од:

Судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје по повеќе од 12 часа од почнувањето на распитот му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски. Одземена му е и патната исправа.

Причините за одредување мерка куќен притвор е поради можност од бегство и влијание врз сведоци. Јавното обвинителство за Јакимовски бараше затворски притвор, но поради неговата здравствена состојба одреден му е куќен притвор.

-Ова е срамен ден за обвинителството, а позитивен за судот кои реално ги оцени аргументите на одбраната и не му одреди притвор на Јакимовски. Обвинителството настапи без било какви докази со што уште еднаш покажа дека е продолжена рака на оваа бласт, рече адвокатот на Јакимовски, Виктор Цветковски.

Јакимовски е осомничен за злоупотреба на службена положба во периодот од 2011 до 2017 година.

Во случајот вкупно се осомничени 9 лица. Кривичниот совет одреди мерки на претпазливост за двајца од осомничените.

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да се стекнат со државно земјиште по багателни цени.

Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.

Спорeд МВР, компаниите „Гром промет“, ЕМАГ, ДОТ „Мебел“ и физичкото лице Т.Ѓ побарале утврдување на правен статус, односно легализирање на нивните монтажни бараки, кои според законот не се сметаат за бесправно изградени објекти.

Сепак, и покрај ова, Јакимовски и уште четворица вработени во Општината за кои има кривични пријави, на бараките им дале третман на бесправно изградени објекти и дале согласност тие да се вклопат во урбанистичко-планската документација.

Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.

Според МВР, компаниите „Гром промет“, ЕМАГ, ДОТ „Мебел“ и физичкото лице Т.Ѓ побарале утврдување на правен статус, односно легализирање на нивните монтажни бараки, кои според законот не се сметаат за бесправно и

Со ова, на фирмите им било овозможено бараките да бидат впишани како легални објекти во нивна сопственост, а со тоа добиле ексклузивно право да извршат откуп на државното земјиште на кое биле сместени монтажните објекти.

Ова, според кривичната пријава, е спротивно на Законот за градежно земјиште, според кој времени објекти не се дел од градежно земјиште и за нив не може да се бара стекнување право на сопственост на градежното земјиште.

Сепак, и покрај ова, како што велат од МВР, „Гром промет“ се стекнала со земјиште од 1.533 квадратни метри, кое како градежно неизградено земјиште во 2016 година имало вредност од најмалку 448 илјади евра.

„ЕМАГ“ ДОООЕЛ се стекнала со земјиште од 722 квадратни метри кое во 2016 година имало вредност од околу 211 илјади евра.

На ДОТ „Мебел“ и на физичкото лице Т.К. пак, им било овозможено да откупат државно земјиште за 450 денари по метар квадратен, иако, ако се одржело јавно наддавање, почетната цена за таа локација би била 300 евра за квадрат.

Јакимовски и уште неколку лица се осомничени дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно од лицата е осомничено за кривично дело бесправно градење.

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Јакимовски легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да се стекнат со државно земјиште по багателни цени. Вака накратко од Министерството за внатрешни работи ја објаснија кривичната пријава поднесена против Јакимовски и уште четворица вработени во Општината.

Кривични пријави се поднесени и против управителите на три фирми и едно физичко лице. Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски