Куќа за лица со посебни потреби во Карпош

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се сретна со претставници од Здружението за деца со посебни потреби ДАМА – ЕЛ и подружница Св.Кирил – Дневниот центар за деца со посебни средби.

На средбата се презентираше проектот за изградба на куќи за самостојно живеење на лица со попреченост над 18 години.

Станува збор за вкупно 12 куќи кои ќе се изградат во 12 општини на територија на Република Македонија.
Една од овие куќи, планирана е да се изгради и во Општина Карпош, како локална самоуправа која води грижа за унапредување на статусот на лицата со посебни потреби.

Градоначалникот Богоев посочи дека овој проект овозможува поголема независност на овие лица и можност за самостојно живеење.

– Општината е сериозно подготвена за целосна имплементација на проектот. На територорија на Карпош веќе има куќа на СОС Детското село. Ова е добра шанса и за зголемување на капацитетите на ваков тип објекти кои нудат подобри услови за живот на лицата без родители или лицата со попреченост, рече Богоев.

Претставниците од здружението ДАМА – ЕЛ ја нагласија важноста на овој проект кој е во соработка со Министерството за труд и социјална политика, дипломатските претставништва во Република Македонија, како и UNICEF и Европската унија.

Од суштинско значење е овие куќи да бидат изградени во периферните делови на општините, но да не бидат целосно изолирани од урбаното јадро.

Локацијата на куќата треба да обезбеди можност за поврзаност и комуникација на лицата со попреченост и со сите други чинители, целосна социјализација и нивна вклученост во тековите на локалната заедница.

При спроведувањето на проектот, Општина Карпош ќе обезбеди земјиште за изградба на оваа куќа, како и целосна инфраструктура за пристап и функционалност на објектот.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски