Кукасти крстови нацртани на споменикот на Крал Марко во Прилеп

Од:

Во текот на изминатата ноќ, непознати сторители нацртале кукасти крстови на споменикот на Крал Марко во центарот на Прилеп. Инспекциските служби при Општина Прилеп го регистрираа овој вандалски чин, а во текот на денот споменикот беше исчистен.

Од Општината велат дека случајот е пријавен во полиција.

„Општина Прилеп го осудува ваквиот вандалски чин и упатува апел до граѓаните на Прилеп да ги чуваат спомениците и споменичните обележја во градот, а секој обид за нивно сквернавење да го пријават во полициската станица“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај