А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кукан: Учеството на младите на референдумот може да биде одлучувачко

by А1он21/09/2018 - 10:48219
Share0

Политичкиот дијалог и постигнувањето консензус се на врвот на вредностите и стандардите што го дефинираат демократскиот амбиент и политичката култура на едно општество. Вистинското место каде што треба да се води политичкиот дијалог и да се постигне консензус е Собранието и тој не треба да се ограничи само на политичките партии, туку во него треба да се вклучи граѓанскиот сектор, експерти и други формални или неформални групи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска го истакна претседателот на македонското Собрание Талат Џафери на конференцијата „Поттикнување на политички дијалог и консензус“ што се одржува во Собранието на Република Македонија на која учествуваат пратеници од Европарламентот, пратеници од парламентите на земјите од Западен Балкан, претставници на младински организации.

– Пред четири години кај нас се случија настани кои беа предизвикани од несоодветниот однос на Владата кон младите, поточно кон студентите во врска со донесување закон кој директно ги засегаше студентите. Законот беше предложен без да се консултираат студентите, ниту пак беше поткрепен со стручни аргументи. Тогаш Студентскиот пленум кој со своите активности и организираност ни покажа на нас постарите политичари како не треба да се владее, рече Џафери.

Посочи дека тогаш студентите настапиле сплотени без разлика на нивната етничка припадност и на тоа дали се членови или симпатизери на која било партија, додавајќи оти студентите и младите воопшто се движечка сила што ги придвижува работите кон подобро во новото време на глобализација.

Следете a1on на Youtube YouTube

Џафери истакна дека како резултат на отвореноста за дијалог и подготвеноста преку компромис да се најде заедничко прифатливо решение Владата го постигнала договорот со Грција за решавање на името што, како што рече, ги отвора вратите за членство во НАТО и почнување преговори со ЕУ.

Според него, претстојниот референдум е можност што не треба да се пропушти со што ќе се обезбеди стабилна сегашност и подобра иднина. Изрази задоволство што според најновите истражувања на јавното мислење токму младата генерација и повторно без разлика на која етничка заедница припаѓа или, пак, на која политичка опција го поддржува договорот од Преспа и референдумот.

Тој апелираше до сите учесници во кампањата да бидат искрени и да се обраќаат со вистинити факти и тврдења пред граѓаните за, како што рече, да бидат веродостојно информирани и да не се обидуваат за ситни дневно политички поени да предизвикаат штета чија што цена потоа сите ќе ја плаќаме.

Европратеникот Едурард Кукан, кој е копретседавач на дијалогот на Жан Моне истакна дека Собранието и политичкото лидерство во земјата покажале способност да влезат во дијалог и на тој начин да продолжат во создавањето имплементација на реформите.

Тој смета дека младите луѓе се клучот за иднината на регионот и оти учеството на младите на претстојниот референдум во Македонија може да биде одлучувачко во европската судбина на земјата и ќе го одреди напредокот во европската интеграција на земјата и на регионот.

Тој истакна дека дијалогот Жан Моне за градење компромис и консензус меѓу политичките партии и пратениците може да се искористи како важна стратегија и за другите парламенти на Западниот Балкан.

Во Собранието на Република Македонија се одржува дводневна конференција „Дијалог на високо ниво за политичко учество на младите и младинските политики со пратениците од Западен Балкан“.

kukanreferendum

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски30/05/2026 - 09:2630/05/2026 - 10:38

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Горан Наумовски28/05/2026 - 09:48

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 13:15

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Горан Наумовски23/08/2025 - 08:01

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Горан Наумовски04/07/2025 - 21:19

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Горан Наумовски30/09/2023 - 15:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто