Кучиња скитници од други места се оставаат во Кавадарци

Од:

Кучиња скитници од други места се оставаат во Кавадарци, вели за МИА Роберто Паризов, претседател на регионалното еколошко друштво “Еко-живот” од овој град.

– Имаме информација дека при нелегалниот “увоз” на кучиња од други градови, тие се оставаат на периферните делови од Кавадарци, нагласува Паризов.

Од локална самоуправа потсетуваат дека Советот на општината донесе програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња, односно нерегистрирани кучиња затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот. Нагласуваат дека се интервенира на терен и се решава проблемот со кучињата. Јавното комунално претпријатие склучило договор со правно лице кое утврдува дали кучињата се болни или здрави. Ако се здрави ги регистрираат со значки на ушите и потоа ги пуштаат.

Во општината имаат сознанија дека бездомни кучиња од други општини се носат во Кавадарци. Оттаму апелираат доколку се видат вакви животни да се фотографираат за да може да се поведе постапка, затоа што тоа е голем проблем и ако не се реши, ќе излезе дека кавадаречката локална самоуправа не работи на негово надминување.

Ташо Радњански, советник во Советот на општината, има предлог маркичките на веќе прегледаните кучиња скитници да не бидат со унифицирана жолта боја, туку да бидат со различна боја, за точно да се знае дали бездомниците потекнуваат од Кавадарци или се донесени од друго место.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

43-годишен маж е убиен во тепачка во Кавадарци

Горан Наумовски