Кучето кое минатата недела беше спасено откако некој го измачувал, залепувајќи му ја устата со хефталка, е ставено на посебен режим на исхрана, прима терапија и закрепнува добро по операцијата, велат активистите од Гевгелија кои го спасија.
„Амели беше на контрола и ветеринарот е задоволен. Таа е на посебен режим на исхрана и прима терапија. Операцијата е подмирена,“ напиша на Фејсбук Мелиса Богоева, активистката за заштита на животните која алармираше за грозоморниот случај.
„Фала ви на сите што помогнавте на било каков начин за Амели. Сега следува долг период на опоравување и потоа ќе и бараме домче, онакво убаво најубаво. Тимот на Nala Dog Rescue ви е бескрајно благодарен.“ додава таа.