Ктиторите на манастирот Св.Троица во село Петралица в недела повикуваат на голем собор

Од:

Во недела на 4 јуни, според православната црква се празнува Света Троица, а ктиторите од манастирот посветен на овој голем празник во село Петралица, Ранковце, ги повикуваат верниците на голем собор во храмот.

Манастирот се наоѓа во живописната и недопрена природа на село Петралица, а е изграден со донација на семејствата Каранфиловски и Јакимовски.

– Храмот е изграден на местото викано Кутлев крст, а со дозвола од Кумановско – Осоговскиот митрополит г. Јосиф и месната заедница ова место служело за годишни собири на месното население. Одржувањето било прекинато речиси една деценија. Ние потекнуваме од овој крај, па решивме да изградиме храм овде и повторно да го заживееме местото. Во 2014 година беа осветени темелите, за да неполна година подоцна во 2015 година, биде изграден храмот. Неодамна е поставен нов иконостас, длабокорез идентичен со Бигорскиот манастир, се градат конаци, сместувачки капацитети и придружни градби, со автентичен камен од ова поднебје, изјави Страшо Каранфиловски, еден од ктитортите на манасторот.

Неодминливата убавина на пределот е импресивна и го прави местото невообичаено привлечно, во која било доба од годината. Ктиторите планираат во манастирот да живеат монахињи.

– Храмот е изграден во чест на претците и полека но сигурно му го враќа некогашниот сјај на ова место, кое посетено од верници во текот на сите 365 дена, повторно заживува. Портите на манастирот се отворени за сите верници и добронамерници, а во пресрет на празникот ги покануваме верниците од сите краеви на земјава заеднички да го славиме Бога на големиот црковно-народен собир на 4 јуни 2017 година, додаде Каранфиловски.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението