А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

КСС стои позади барањата на СОНК и го поддржува штрајкот

by А1он30/08/2019 - 11:59331
Share0

„КСС во минатото постојано укажуваше на лошата состојба на вработените во јавниот сектор. Своето незадоволство гранските синдикати го искажаа низ низа протести особено во првата половина на оваа година.

Добивај вести на вибер

Барањата се исти, усогласување на платите согласно покачувањето на минималната плата за 25%, К-15 за вработените во јавниот сектор.. Предочивме и на лошиот социјален статус на нашите членови, но очигледно надлежните останаа глуви.

Платите на министрите се усогласија согласно законите, но не и платите на вработените во јавниот сектор, иако законот го предвидува тоа. КСС и гранските синдикати најавуваа дека ќе го радикализираат своето делување, но Владата повторно остана глува.

Затоа КСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува штрајкот“, се вели во соопштението на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

„Просветните работници се понижени со своите лични примања најниски во регионот и во Европа. Просветните работници заслужуваат повеќе, заслужуваат почит и треба да бидеме свесни дека тие се ‘рбетот на едно општество, а тој во моментов е загрижувачки искривен.

Без заслужената плата, без мотивиран професор не можеме да очекуваме резултати во иднина, не можеме да очекуваме здрави генерации кои треба да ја водат нашата држава.
Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат наставниците да се изборат за статусот кој го заслучуваат.

Членови на СОНК, КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија.

Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван наставник, Ве повикуваме на 2ри септември, сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме штрајкот и покажеме единство и истрајност за почитување на вашата професија“, соопштуваат од КСС.

ksssonk

Би можело да ве интересира

20 проценти повисоки плати за вработените во социјалните установи

Катерина Ѓуровски07/08/2025 - 12:34

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски23/04/2025 - 13:1623/04/2025 - 13:35

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Катерина Ѓуровски22/10/2024 - 14:37

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

Катерина Ѓуровски13/10/2024 - 16:09

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Катерина Ѓуровски12/10/2024 - 15:01

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски12/10/2024 - 13:5212/10/2024 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен