А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

КСС на протест побара покачување на платите и исплата на К-15 во јавниот сектор

by А1он08/06/2019 - 17:55465
Share0

Усогласување на платите во јавниот сектор согласно со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Своите барања синдикалците ги изнесоа попладнево на протестен марш во Скопје, кој почна пред Собранието и заврши пред Владата.

Добивај вести на вибер

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски посочи дека тие се и против секаков трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.

– Бараме усогласување на платите во јавниот сектор со покачувањето на минималната плата кое во моментот е 25 проценти. Бараме и исплата на К-15 во јавниот сектор бидејќи сме дискриминирани, а не се согласуваме и со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, изјави Ралповски.

Тој посочи дека вчера биле повикани од службите во Владата, но иако барале, не оствариле средба со премиерот и министрите.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски рече дека се приклучуваат на протестот на КСС и на барањата за зголемување на платата за 25 проценти во образованието.

Неделковски нагласи дека ова е последен предупредувачки протест пред генерален штрајк во дејностите на СОНК и во сите дејности на КСС.

kssprotest

Би можело да ве интересира

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Предраг Петровиќ29/11/2025 - 13:43

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

Горан Наумовски29/10/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Горан Наумовски18/10/2025 - 20:56

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Горан Наумовски25/09/2025 - 19:02

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

Горан Наумовски20/09/2025 - 11:12

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он18/09/2025 - 19:2818/09/2025 - 19:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен