КСС на јавен протест ќе бара повисоки плати и престанување на притисоците на синдикалните претставници

Од:

Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) чиј полноправен член е Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), реагираше до Претседателот на Владата на Р. Македонија, г-динот Зоран Заев и Министерката за труд и социјална политика, г-ѓата Мила Царовска, во кое ја искажаа својата загриженост за непостоењето на социјалниот трипартитен дијалог во државата и нефункционирањето на Екомонско Социјалниот Совет. Тие реагираат на кршењето на меѓународните документи и конвенции за заштита на синдикалните претставници. Апелираат да престанат сите притисоци врз синдикалното движење во Р. Македонија.

Во реакцијата се наведува дека ITUC ќе реагира и до Меѓународната Организација на Трудот како и до Европската Унија доколку работите не се сменат во периодот кој следува.

Во меѓувреме по отказот на Претседателот на КСС, Благоја Ралповски од неговото работно место како административен службеник во Агенцијата за катастар на недвижности, по спречувањето на регуларни синдикални избори во Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ, масовно НЕ се продолжуваат и работните договори на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, од страна на директорите на установите, по налог на повисоките органи на локалната и централната власт, на што СОНК, грански синдикат при КСС, остро реагираше.

Потсетуваме дека Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, со своите грански синдикати, минатата недела донесе одлука за одржување на Јавен протест кој ќе се одржи на 17.01.2018 година во 5 до 12 часот пред Владата на Р.Македонија. Причини за одржување на јавниот протест се барањата за повисоки плати, усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, да престанат притисоците на синдикалните претставници, отпочнување преговори за измена на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

Барањата официјално се доставени до Претседателот на Владата на Р. Македонија, г-динот Зоран Заев и побарана е официјална работна средба за изнаоѓање на заеднички решенија. Досега во медиумите се огласи само Министерката за труд и социјална политика, г-ѓата Мила Царовска, но покана за официјална средба сеуште немаме добиено.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска