КСС денеска на протест пред Собранието и Владата

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска од 16 часот ќе одржи протест со автомобили со кој ќе го искаже незадоволството од немањето социјален дијалог, непочитувањето на работничките права и последното зголемување на минималната плата.

Протестот ќе почне од кај хотелот „Вип“ спроти Македонската телевизија,а ќе продолжи преку булеварот „Кочо Рацин“, до Собранието каде е предвидено обраќање. Потоа, ќе продолжи кон Владата.

За протестот се известени меѓународните и сите домашни синдикати, како и граѓански организации за заштита на работничките прави.

Протестот ќе се одржи под мотото „Доста е. Претеравте“.

– Многу пати досега кажавме дека во земјава социјален дијалог не постои, уништен е. Постои само формален социјален дијалог, нема суштински социјален дијалог, социјален дијалог каде што треба да се сликаме или да поддржиме некој популизам на Владата. Нема покачување на минималната плата. Донесоа одлука наспроти негодувањето на синдикатите да се зголеми 1,7 отсто. Но, слушнавме од Државниот завод за статистика дека само инфлацијата во март е два процента, нема работна недела, почнавме со 30 дејности, стигнавме до 38, изјави вчера претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Доколку не добијат одговор од Владата, Ралповски рече дека КСС ќе продолжи да делува порадикално.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска