А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

КСС бара решенија за нивните барања, во спротивно најавува порадикални мерки

by А1он17/06/2019 - 17:04287
Share0

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска информираше дека испратиле писмо до Владата во кое најавуваат дека ќе преземат порадикални активности доколку во најкус можен рок не се изнајдат конкретни решенија за нивните барања.

Добивај вести на вибер

Пред десетина дена, КСС организираше протест пред Владата со барања да се изврши усогласување на платите со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор. Синдикатот не се согласува и со трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.

КСС во денешното соопштение испратено до јавноста обвинува дека се соочува и со проблеми при собирањето на списоците за нивното членство со кои треба да ја докаже својата репрезентативност.

– За да може КСС да се спречи во докажување на својата репрезентативност пред Комисијата за утврдување на репрезентативност, КСС се соочува со проблеми во собирањето на списоците, каде согласно Закон, работодавачот е должен да издаде список на членови кои плаќаат чланарина, а ние не можеме да собереме списоци дури за 30 – 40 проценти од нашите членови затоа што директорите имаат инструкции да не доставуваат списоци со членови на синдикатот, што е законска обврска, се вели во соопштението.

Од КСС најавуваат дека за ова ќе ги известат Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК), Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

kss

Би можело да ве интересира

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:2605/02/2026 - 07:26

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он01/05/2024 - 16:4501/05/2024 - 16:45

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски01/02/2024 - 14:3801/02/2024 - 14:43

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски01/02/2024 - 14:0101/02/2024 - 14:55

Синдикатот на Клинички го поддржува предупрдувачкиот протест организиран од КСС

Катерина Ѓуровски28/03/2022 - 11:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен