Кржалоски: На пола милион граѓани им било побарано мито, само четири судски пресуди се однесуваат на поткуп

Од:

Корупцијата претставува најголем проблем во државата, на секој трети граѓанин му било побарано мито, додека секој четврти дал, што не одговора на состојата со справување со корупцијата, особено во судскиот систем каде што имаме 98 случаи на пресуди за злоупотреба на служебна должност и само четири за давање или примање поткуп, истакна Александар Кржаловски директор на македонскиот центар за меѓународна соработка.

Кржаловски на денешниот отворен форум за антикорупција на кој се дискутираше за мерките и политиките кои се преземаат и треба да се преземаат во борбата против корупцијата, се осврна на резултатите од извештајот за проценка на корупцијата на РСМ, Антикорупциските перформанси во јавните набавки на институциите на централната и локалната власт.

-Во ова истражување беше земено предвид и мислењето на граѓаните, според кое ситуацијата е полоша во институциите, односно граѓаните ги перцепираат министрите, лидерите на политичките партиии, судиите како најкорумпирани професии и следствено најкорумпирани институции владата, судиите и прламентот таму и треба да почне да се води борбата против корупцијата, истакна тој.

Кржаловски рече дека она што е интересно во ова истражување е дека МВР била препознаена како институција која најмногу се бори против корупцијата, а псоле неа следи Државната комисија за спречување корупција.

Додаде дека за разлика од минатите години подобрување има во тоа што грѓаните гледаат поголема надеж во справувањето со корупцијата.

На настанот присуствуваа и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, НЕ Давид Гир, заменик претседателката на Владата на РСМ задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и главниот државен ревизор од Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски.

Претседателот посочи дека е среќен што институцијата претседател во истражувањето покажала дека е најмалку кормпирана, сепак беше дециден дека бројките јасно покажале дека претсетои многу работа, но дека со оглед на предизборниот период и фокусот на политичките актери на изборите тоа ќе и преостане на следната влада.

-Знаеме дека корупцијата трае со години, последните години има и јавно познати случаи необјасниви од аспект на неказнивоста, па во тој поглед ни претстои огромна работа. Моја проценка е дека одиме кон предизборен период тука некакви функдаментални зафати во кои треба да учествуават и оние на локално не само на централно ниво нема да бидат возможни заради предизборието во кое знаете дека политичките субјекти кои треба тоа да го иницираат се занимаваат со изборите, но следната влада ќе треба да работи на овој проблем, порача Пендаровски.

Додаде дека најголем проблем не е ретриката за корупцијата, туку имплементацијата.

-Видовте дека најголемиот проблем не е реториката за корупцијата или антикорупциската реторика, туку имплементацијата, она што посебно ме загрижува и го знаеме го живееме, но кога ќе го каже странец добива еден посебен призвук, имено холандскиот амбасадор во едно интервју со крутики на ова тема вели треба да го промениме менталитетот не само законите, порописите. Менталитетот се менува со години ако притоа има јасна политичка волја и широк општествен и политички консензус.

Оцени дека ќе биде погубно ако во наредниот извештај на Европската комисија нема ни една институција која напредува.

Амбасадорот Давид Гир посочи дека владеето на правото и борбата против корупцјата се многу важни за државата на патот кон ЕУ. Истакна дека државата не забележува прогрес во борбата против корупцијата и дека тоа е долг процес кој бара длабоки структурни промени во сите институции, но дека пред се клучна е политичката волја.

Извештајот е изработен во рамките на проектите „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за застапување врз база на докази, влијание врз политиките и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“ и „Граѓаните против корупцијата“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов