Крводарителска акција во Валандово

Од:

По повод 17 март, Ден на крводарителството, денеска во Валандово се спроведе акција на која беа собрани 60 единици крв.

Акцијата од страна на Општинската организација на Црвениот крст беше оценета како масовна и успешна.

Меѓу крводарителите, три лица прв пат даруваа крв, а меѓу учесниците во акцијата беше и рекордерот Златко Занов кој денеска даруваше крв по стоти пат. Од организаторот тој доби признание и благодарница како и пригоден подарок од градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски.

Занов изјави дека се чувствува горд поради рекордното крводарување и ги повика помладите лица да се вклучат во оваа хумана активност на Црвениот крст, потенцирајќи дека ќе продолжи и понатаму да дарува крв.

Признанија и благодарници од организаторот на акцијата денеска добија и крводарители кои повеќе пати дарувале крв.

Би можело да ве интересира

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Земјотресот во Валандово и околината

Во сообраќајка тешко повреден е возач

Земјотрес во близина на Валандово

Горан Наумовски

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин