„Вашата крв спасува живот“ е мотото на крводарителската акција што денеска ќе се одржи во општина Кисела Вода.
Акцијата, што ќе се одржи во Големата сала на општината, е организирана од страна на општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани хумани луѓе да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Во неа ќе учествуваат и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.
Акцијата ќе почне од 11 и ќе трае до 15 часот.