Крводарителска акција во општина Карпош

Од:

Во рамки на Деновите на општина Карпош и во пресрет на 40-от роденден на оваа локална самоуправа, денеска се одржа крводарителска акција „Капка крв за живот плус“. Граѓаните даруваа крв на три пункта во ТЦ „Скопје Сити Мол“, надвозникот „Влајко“ и во салата на ООУ „Лазо Трповски“.

Во акцијата, организирана од општина Карпош и Црвениот Крст на Република Македонија, крв даруваа градоначалникот Стевчо Јакимовски, претседателот на Советот Сашо Лазаровски и вработените во општината.

– Општина Карпош е изградена од светската солидарност од поранешната југословенска држава, сметаме дека солидарноста треба да биде на прво место во прославата на Деновите на општината. На годинашната крводарителна акција за околу два часа се донирани околу 80 литри крвни единици, истакна Јакимовски, кој даруваше крв по 12-ти пат.

Тој апелираше сите граѓани кои имаат можност да дадат крв затоа што на тој начин се спасува нечиј живот.

Крводарителната акција почна во 9 часот и ќе трае до 17 часот.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски