Крводарителска акција во Општина Бутел

Од:

Следејќи ги потребите на Министерство за Здравство, Општина Бутел и Институтот за трансфузиона медицина, во вторник од 9 до 14 часот ќе ораганизираат Крводарителска акција во просториите на Општина Бутел.

– Во координација со Институтот за трансфузиона медицина, преземаме дополнителни мерки за да создадеме максимално безбедни услови за крводарување, како што е персонал, обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки од Институт за трансфузиона медицина. За време на акцијата ќе биде воведен систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите и ќе се практикува телефонско повикување на дарителите со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување).

Ги повикуваме сите заинтересирани лица и крводарители да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување на нечиј живот, велат од Општина Бутел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника

(ВИДЕО) Костовски: Ќе изградиме три нови детски градинки во Радишани, Бутел 1 и Визбегово

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо