Крводарителска акција во Карпош

Од:

Традиционално, по повод Деновите на Општина Карпош, во организација на локалната самоуправа, Заводот за трансфузиологија и „Црвениот крст“, денеска се организираше крводарителска акција во Општината. На две локации, во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ и на мостот „Влајко“, во Влае, граѓаните од 09-17:30 ќе можат да даруваат крв.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, истакна дека карпошани се хумани луѓе, кои секогаш даруваат крв за да спасат човечки живот.

– До сега околу стотина граѓани дариле крв, но, со оглед дека граѓаните се на работа, очекувам попладне после завршувањето на своите работни обврски, помасовно да се вклучат во оваа благородна акција. Традиционално Општина Карпош организира крводарителска акција, и во иднина секако ќе продолжи, запазувајќи ја хуманата компонента, потенцираше Богоев.

Во денешната акција, се вклучи и Панче Димковски, кој по јубилеен, стоти пат, даруваше крв. Како што истакна Димковски, преку 40 години, дарува крв, со цел да спаси нечиј живот.

– Ги повикувам сите граѓани, се разбира оние кои можат да дарат крв, да се вклучат во акцијата, и со тоа да помогнат на некој близок, или на некој кој му е најпотребно, појасни Димковски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски