Крводарителска акција во Гостивар по повод 8. Април

Од:

Под мотото “И твојата крв може да те спаси нечиј живот”, денес во просториите на Општина Гостивар се одржа крводарителска акција. Акцијата беше организирана по повод 8 Април – Меѓународен ден на Ромите, а беше поддржана и од Општина Гостивар.

“Ова е прва крводарителна акција во Македонија и пошироко, организирана на Меѓународниот ден на Ромите. Покрај хуманиот аспект за да се спасат човечки животи, преку оваа акција ние Ромите имаме за цел да покажеме дека и ние сме дел од ова општество и сакаме да бидеме рамноправни со сите други, но, исто така, и да дадеме придонес за општеството. Оваа акција е само една од многуте активности на агендата овогодинешното одбележување на нашиот празник, 8-ми Април”, истакна Бари Абдули, службеник во Општина Гостивар.

На денешната акција, крв даруваа и општински администратори, меѓу кои и Сеад Ејупи – шеф на кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он