Вкупно 40 крвни единици се собрани денеска во крводарителската акција во кавадаречката компанија „Фени индустри”.
– Горди сме што ги имаме најхуманите работници во регионот кои секогаш ја покажуваат својата хуманост на дело. Задоволни сме од денешната, како и од сите досегашни акции, рече Елена Дојовска, медицинска сестра во амбулантната на компанијата.
Здружението на крводарители во „Фени” постои од формирањето на комбинатот за фероникел.
– Бројот на членови во нашето здружение секојдневно расте. Крв даруваме не само во акциите кои се организираат во компанијата, туку и во кабинетот за трансфузија, нагласи претседателот Ќире Нојков.