Крводарителска акција во Дом на АРМ

Од:

Општинската организација на Црвен крст Центар и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија денеска од 9 до 17 часот во Домот на АРМ ќе ја организираат 12-тата крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

„Дарувај крв и разбуди го херојот во себе“ е мото на годинашната акција,  чија цел е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период поради можноста од недостиг од крв и крвни деривати.

– Оваа акција веќе 11 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје. Во 2003 година, кога првпат беше организирана, бројот на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост, во 2013 година 313 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв, соопштија организаторите.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска