Крводарителска акција во Дебар, собрани 33 крвни единици

Од:

Општинската организација на Црвениот крст во Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, денеска ја спроведе четвртата крводарителска акција годинава.

Секретарот на Црвениот крст-Дебар, Исни Телќиу истакна дека Дебрани и при денешниот престој на екипата на Институтот потврдиле дека ги карактеризира голема хуманост.

– За да ја даруваат нивната драгоцена течност што живот значи се пријавија четириесеттина лица, а крв даруваа 33 лица. Повеќето се млади лица, што посебно радува, бидејќи младите стануват се посвесни за значењето на течноста што живот значи, рече Телќиу.

За годинава планирано било да се спроведат единаесет редовни и две вонредни акции, но, нагласи, во договор со надлежните кои потврдуваат дека има доволно крвни единици, бројот на акциите во Дебар ќе биде помал.

Од почетокот на годинава досега се собрани околу 300 крвни единици.

Дебар е меѓу најхуманите општини кога станува збор за крводарувањето. Редовно годишниот план не само што целосно се исполнува, туку се прибираат и до 60 крвни едници повеќе од планираните.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он