Крводарителска акција во Дебар

Од:

Општинската организација на Црвениот крст на Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, денеска ја спроведе четвртата крводарителска акција годинава.

Екипата на Институтот беше сместена во просториите на дебарската гимназија, а освен ученици и професори, крв даруваа и граѓани.

– За време на неколку часовниот престој на екипата, за да даруваат крв се пријавија 30-тина лица, а својата драгоцена течност ја даруваа 23, од нив најмалку пет се млади кои првпат даруваат крв. Тоа е факт кој посебно радува, зашто младите стануват се посвесни за значењето на течноста што живот значи, изјави Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Според него, годинава планирани се 12 редовни и две вонредни крводарителски акции, а годишниот план е проектиран на 714 крвни единици. Појасни дека во досега спроведените четири крводарителски акции, собрани се околу 100 крвни единици.

Повеќе години по ред, дебарскиот Црвен крст го надминува годишниот план за крводарвање во просек од 10 до 20 отсто. Минатата година биле собрани 15 отсто повеќе крвни едници од планираните.

Би можело да ве интересира

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска