По повод 16 годишнината од трагичното загинување на полицаецот Коста Волкановски, денеска во Неготино беше реализирана крводарителска акција во негова чест. Беа дарувани 81 единица крв.
Традиционално, настанот беше реализиран од Општинската организација на Црвен крст Неготино и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во соработка со полициската станица од Неготино.
– Ова е една од поголемите акции кои ги организира Општинската организација на Црвен крст, која секоја година ги остварува плановите за крводарување, рече меѓу другото Тошко Настов, секретар на неготинскиот Црвен крст.
Основната синдикална организација при македонскиот полициски синдикат, во наредните денови организира и неколку други активности во чест на својот загинат колега, кој загина за време на конфликтот во 2001 година.