Крводарителска акција во Археолошки музеј на Македонија

Од:

Националната установа Археолошки музеј на Македонија во соработка со Црвениот крст на Република Македонија денеска во просториите на музејот организираат крводарителска акција под мотото „Вашата крв спасува живот – придружете ни се“.

Директорката на Археолошки музеј на Македонија Весела Честоева рече дека музејот во рамки на своите хуманитарни активности денеска од 10 до 14 часот организира крводарителска акција во која до 12 часот се собрани 20 единици крв.

– Одѕивот е доста голем и се надеваме дека така ќе продолжи до крајот на акцијата. Се надеваме дека со нашата крводарителска акција ќе помогнеме на многу животи на кои помошта им е навистина потребна. Ова не е прва крводарителска акција на Археолошкиот музеј на Македонија и ваква акција организиравме во август минатата година со цел да помогнеме на настраданите кои беа зафатени од поплавите, изјави Честоева.

Посочи дека Археолошкиот музеј на Македонија редовно се вклучува во поддршка на разни хуманитарни активности и ќе продолжи така и во иднина.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Крводарителска акција во УЈП

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Ана Ололовска