Крводарителска акција во Амбасадата на САД во Македонија

Од:

Амбасадата на САД во Македонија во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиологија ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање преку организирање на крводарителна акција и акција за собирање на прехрамбени продукти и други средства.

Целта на овој настан, како што информираат од Амбасадата, е да се обединат луѓето со една заедничка цел – да и служат на заедницата.

– Нашите напори ќе помогнат за дополнување на резервите на крв на Црвениот крст и за обезбедување на храна и други потребни залихи за загрозените семејства за претстојната зима. Оваа акција, исто така, ќе му помогне на Црвениот крст да ја прошири мрежата на дарители во Македонија за во секое време да има доволно резерви на крв за идните побарувања, се вели во соопштението на Амбасадата.

Пред присутните за време на дарувањето на крв ќе се обрати Амбасадорот Џес Бејли, а заинтересираните лица кои сакаат да даруваат, ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9 до 16 часот.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Крводарителска акција во УЈП

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Ана Ололовска