Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Од:

По повод празникот Голема Богородица, Општинската организација на Црвен крст-Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина денеска ја организираат 13. крводарителска акција.  Акцијата се одржува од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.

Валентина Колевска, секретар на општинска организација на Црвен крст-Центар информира дека до 9:30 часот има заведено 40 дарители, а се присутни од 70 до 80 дарители, од сите возрасти.

Таа потенцира дека веќе 13 години, околу 150 крводарители постојано се приклучуваат на акцијата. Има се повеќе млади луѓе, првократни дарители.

– Секогаш летниот период е проблематичен за обезбедување крвни единици. Токму затоа ова акција се користи за надоплнување на резервите што се потребни во летниот период, рече Колевска.

Додаде дека секоја година се јавуваат се повеќе крводарители. Лани на акцијата се приклучиле повеќе од 350 граѓани, од кои 286 дарувале крв.

Таа изрази надеж дека скопјани и сите посетители на главниот град ќе даруваат крв.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Крводарителска акција во УЈП

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Ана Ололовска