Крводарителска акција по повод Денот на општина Ѓорче Петров

Од:

Традиционално, по повод 20 Септември, Денот на општина Ѓорче Петров, ѓорчепетровци денеска даруваа крв во крводарителската акција организирана од општината во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.

Во периодот од 10 до 17 часот во Центарот за култура – Ѓорче Петров над 70 хумани граѓани донираа крв и ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот. Секој крводарител доби маичка со логото на општината Ѓорче Петров и привезок со својата крвна група.

Градоначалникот Сокол Митровски, кој присуствуваше на крводарителската акција потенцираше дека секоја година е се помасовно дарувањето крв по повод празнувањето на општината.

– Задоволни сме од одѕивот на денешната крводарителска акција. Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група, но и нови млади лица кои првпат даруваат крв, истакна др. Анита Божинова Петковска од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Која општина колку должи и зошто: Ѓорче Петров со најголем минус, Аеродром со најмногу пари во каса

Кристијан Ландов